Ел Чека со нови бомби и закани на Фејсбук

0
662

Ел Чека се јави со нови бомби, но и заканувачки пораки, овој пат на адреса на премиерот Заев. Преку новиот Фејсбук-профил тврди дека од Обвинителството дознал дека нешто се подготвува против осудениците од „Диво Насеље“, јавува Телма.

Изворот му пренел дека затворениците Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи не треба да ја јадат затворската храна, ниту пак, да излегуваат од ќелиите. Ел Чека во пораката до премиерот, пишува: „Ако им се случи нешто на тројцата, Заев треба да ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници!“ Ел Чека бомбите ги објавува од Чикаго, тврди дека му ги праќаат осуденици од македонските затвори.

Коментирај