Експлозии по цел град, како да има војна во Атина: Хулиганите се тепаа цела ноќ (ВИДЕО)

0
293

Вистински хаос во центарот на грчката престолнина, полицијата не успева да ги смири жешките глави.

Оние кои ја следат европската навивачка сцена, знаат дека веќе подолго време постои голема нетрпеливост помеѓу хулиганите на Ајакс и АЕК.

Холандските навивачи вчера допатуваа во Атина, со цел вечерва да ги бодрат своите фудбалери во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, тоа е официјалната приказна, а зад истата се крие пеколниот план на Холанѓаните да ги нападнат своите грчки „непријатели“.

Околу 200 хулигани на Ајакс, вооружени со палки и камења, влетале синоќа во еден кафе бар во кој традиционално се собираат навивачите на АЕК.

Полицијата реагирала предоцна, во тепачката имало голем број повредени, а потоа следел и противудар од страна на Грците.

Бесните хулигани на АЕК се групирале во друг дел од градот и тргнале во потера по Холанѓаните низ цела Атина.

Тие во меѓувреме се разбегале, добиле засолништво од навивачите на Панатинаикос со кои се збратимени, па продолжението сигурно следува денеска, пред натпреварот.

Извор: kurir.mk

Коментирај