Експертите и професорите против договорот што го најавува Заев со Грција

0
1206

Додека власта се пазари со националните и државните интереси, експертите со жестоки критики ја предупредуваат и и укажуваат на погрешните чекори кои водат кон уништување на македонскиот идентитет и нација.

Во емисијата „Топ Тема” на Телма ТВ гостуваа универзитетски професори чија специјалност е политикгологија, теологија, историја, историја на православните цркви и односи со весрските заедници.

Еден од нив е универзитетскиот професор, Љупчо Ристовски. Тој напрвин се осврна на промената на името на македонската православна црква кој вели дека и тоа е директиен напад врз идентитетот и сите идентитетски одредници кои се клучни за еден народ. Како друг удар врз македонската нација е обидот да се спроведе законот за јазиците. Тој рече дека со овој закон, македонскиот јазик се симнува неколку скалила надолу како државен и официјален јазик.

Тој ја предупреди владата дека правење на вакви чекори сериозно ќе се одразат врз авторитетот на Зоран Заев и СДСМ и сериозно ќе падне нивниот рејтинг на следните избори.

-Името, православна македонска црква е едно од идентитетските прашања.  Ние очигледно го детектираме проблемот а тоа е дека Македонија е под директен напад идентитетот и сите идентитетски одредници кои што се клучни. Ако се вратиме наназад прво македонскиот јазик беше на удар со новиот закон за употреба на јазиците каде што неговата позиција како државен, официјален и службен јазик е симната на едно ниво односно албанскиот јазик од албанската етничка заедница е качен не само по хоризнонтала туку и по вертикала по сите линии и основи. значи на тој начин се проби звучниот ѕид околу билингвалноста во Македонија. Понатаму околу предлогот Илинденска Македонија се проби звучниот ѕид за Ерга Омнес . Внимавајте македонската јавност не е наивна. Луѓето гледаат и ова ке се одрази на некои следни избори. Ова сериозно ќе се одрази врз авторитетот на СДСМ и лидерот на Заев. Тие решија по таа сцена да одат ама мојата проценка дека предноста на СДСМ ќе се топи драстично во периодот што доаѓа поготово ако донесат едно такво решение. Кога придавката македонски е директоно врзана за идентитетскиот односо духовниот момент, истакна Ристовски.

Според професорот Ристовски, исто така и потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија претставува еден вид на понижување на македонската нација. Тој го посочи претседателот на комисијата од бугарската страна за промена во образованието и историјата, Ангел Димитров, кој јавно ги оцрта црвените линии и рече дека се додека постои главниот проблем со Македонија, ќе се преговара за постоењето на идејата за македонизмот и постоењето на самосвеста за постоењето на македонската нација.

Димитров исто така рече дека се додека македонската страна инсистира на таа идеја, Бугарија ќе се држи до меѓународната компонента а тоа е блокирање на чекорите на Македонија кон приближување кон ЕУ.  Од друга страна, професорот Ристоски рече дека македонската Влада молчи за ваквите уцени и закани кои претставуваат еден државнички став.

Тој исто така рече дека доколку се потпише договорот, мора најпрвин јавно да се објави пакетот па да се спроведе референдум и  на крајот да следи ратификација во Собранието односно обратно од она што сега се најавува.

Ристовски потенцираше дека се срамни изјавите на македонската Влада за тоа дека Македонија треба да ја свитка кичмата за да влезе во ЕУ и НАТО. Тој рече дека ќе биде лошо ако македонското прашање се разбуди бидејќи македонците премногу долго страдале низ историјата.

-Лошо е македонското прашање ако се разбуди. македонците премногу долго страдаат и ова е реалност. Ние треба да се бориме за достоинството на нацијата. Ни треба достоинство решение, рече Ристовски.

Исто така и универзитетскиот професор Далибор Јовановски предупреди на последиците од потпишување на најавениот договор со Грција. Тој се плаши дека доколку се потпише договорот , дали Грција ќе се држи до него односно дали ќе се ратификува договорот во парламентот.

-Мене ме плаши ако потпишуваме некаков договор, дали Грција без разлика дали овој ќе биде меѓународен догвоор над уставите на двете држави, ќе има силни гаранции од страна на САД , ме плаши дали грција ќе се држи до него. Прво дали Ципрас има доволна моќ во парламентот да го ратификува договорот?, праша Јовановски.

Тој рече дека Мицотакис има јасни ставови и не ја признава македонската држава и нација. Јовановски исто така нагласи дека доколку се прифати промена на уставното име, лага ќе биде ако се каже дека нема да се менува и уставот на Македонија.

Коментирај