ЕКСКЛУЗИВНО: Се рестартира рудникот „Тораница“ во Крива Паланка!

0
3768

Конечно одлична вест за Крива Паланка и кривопаланчани.

Како што дознава Јавно.мк  деновиве конечно е најавено отвoрање на рудникот за олово и цинк „Тораница“ во Крива Паланка со нов концесионер фирмата Минстрој од Бугарија која има долгогодишно искуство во рударството. Очекуваме овие информации и официјално да бидат објавени до крајот на оваа недела од страна на сопствениците, кои веќе подолг временски период вршат подготовки  за повторно рестартирање и ставање во функција на рудникот за што веќе имаат и ангажирано поголем број на работници од Крива Паланка.

Како резултат на огромните заложби како  на централната така и на локалната власт во Крива Паланка повторно ќе биде рестартиран рудникот „Тораница“ кој поради несовесно работење на претходните концесионери беше доведен пред колапс и на улица останаа голем број на вработени во рудникот што претставуваше огромен проблем за локалната заедница . Штетите беа почуствувани речиси во сите свери на општествениот и економски живот во Крива Паланка.

srekjno

Сега со повторното рестартирање се очекува ситуацијата повторно да биде вратена во нормала. Имено, бенифитот кој овој град го има од рудникот „Тораница“, дирекно или индирекно се мери во неколку стотини илјади евра месечно кои циркулираат низ локалната економија со што се потврдува значењето кое рестартирањето на рудникот го има за локалната заедница.

Во истиот контекст значајно е да се спомене дека рудникот „Тораница“ ја делеше судбината на многуте индустриски капацитети во Крива Паланка кои како резултат на недомаќинското, несовесно и криминално раководење од страна на СДСМ во периодот на транзицијата беа затворени и на улица останаа огромен број невработени со што градот беше доведен на работ на социјална катастрофа. Со промената на власта во 2006 година, рударството како дел од економската преродба беше високо во приоритетите на тогашновата власт,што доведе до рестартирање на рудникот и отварањена новиработни места.

loading...

Коментирај