ЕКСКЛУЗИВНО: Роднина на Заев со Бентли го следел Мицкоски додека тој е на научно патување во Австрија

0
1559

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат на информацијата која се појави на одредени портали за наводен престој на претседателот на партијата Христијан Мицкоски во Будимпешта, Унгарија.

„Претседателот Мицкоски е во еднодневна куса посета на главниот aвстриски град Виена, а самиот престој е од приватен карактер, поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа, причината за престојот е за научни цели.

Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација. Вистината е дека во близината на Будимпешта (околу 40км после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката „Бентли“ со струмички регистарски таблици, управувано од роднина на премиерот Зоран Заев.

Веруваме дека тоа е и изворот на тенденциозноста на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта, обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради слабата поддршка од граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирај