Ексклузив: Новата ВЛАДА е формирана – ВМРО, ДУИ и Алијансата за албанците во заедничка коалиција

0
14826

Преговорите помеѓу партиите вродија со плод. ВМРО и ДУИ ќе ја предводат новата коалиција за формирање на влада со плус 5 пратенци од ДПА и АА. Тоа значи новата влада ќе има 66 наспроти опзициските 54 на СДСМ и БЕСА. Груевски и Ахмети заедно со другите помали партии се договориле на заедничко делување и поделба на власта. Тие ќе ги делат министерствата во новата влада. Новост е тоа дека МВР ќе оди кај ДУИ или за прв пат ќе имаме албанец министер во МВР. Останатите министерства со министер од ДУИ остануваат.

Со овој постигнат договoр државата се враќа во нормала со тоа што владеачките партии имаат шанса за поправен испит. Тие имаат рок од 4 години да ја вратат својата репутација и да ги зајакнат своите редови. Ова особено важи за ВМРО кои се доста разнишани што од странски фактор што од невнимание и непосветеност.

Битно прашање е тоа кој ќе биде иден премиер. Она што сега се знае е дека со сигурност ќе биде некој од ВМРО но дали тоа ќе биде Груевски уште нема точна информација. Ова за СДСМ значи докрајчување на нивниот рејтинг, со што нивниот лидер најверојатно за скоро време откако ќе биде формирана владата ќе биде осуден за неколку кривични дела од кои има и кривично дело против државата.

Извор: Ексклузив

Коментирај