Екс шефот на ДИК, Чичаковски ќе стане судија во Управен суд, огласот е скриен

0
335

Александар Чичаковски, поранешниот претседател на Државната изборна комисија, ќе стане судија во Управниот суд, јавува  Досие.мк. Оваа функција ќе ја добие како заслуга за неговите активности како претседател на ДИК кога власта требаше да ја добие СДСМ. Според добро упатени извори, Чичаковски е личен избор на министерката Рената Десковска.

Но изборот не би бил толку чуден доколку беше јавен и транспарентен. Огласот кој е објавен неодамна, иако е во тек, никој на сајтот на судски совет не може да го најде. Многу тешко се доаѓа до линкот и со тоа огласот за двете места во Управен не е достапен за секој кој би сакал да конкурира. Се работи за две слободни места, едното за Македонец другото за Албанец. Македонското место е резервирано за Чичаковски.

Овој оглас фрла сомнеж за изборот на судии и е уште една дамка во македонското судство. Се уште нема одговор зошто Амбасадорот Бејли пишуваше писма до Кривичниот суд и Судскиот совет и се жалеше дека во негово име и во име на амбасадата судии или луѓе околу нив донесувале или нарачувале одлуки.

Извор:republika.mk

Коментирај