Екс-министерот на СДСМ, Атанасов: Поради византиските политики, дворските игри и пудинг идеологијата партијата нема добри резултати

0
268

Поранешниот заменик министер за образование и наука Петар Атанасов, човекот кој прв ја напушти владата на Зоран Заев поради своите принципи, и како што кажа тогаш поради промените кои како СДСМ ги најавија, но не ги остварија, денеска преку Фејсбук објава ги поздрави своите „обожаватели“ во врвот на партијата.

СДСМ е политичка партија со големи потенцијали и одлични човечки ресурси, сепак…

1. заради византиските политики на поединци од врвот на СДСМ (секогаш имало такви),

2. поради ситно сопственичкиот менталитет на одредени личности на „високи“ позиции, кои би биле никој и ништо да не беше партијата (евентуално нешто локално),

3. поради моменталната „пудинг“ идеологија, со по некое зрно грозје (ги нема повеќе професорите, останаа кариеристите),

Но и заради дворските игри што се често присутни во партијата во критични периоди, партијата никако не може да одржи континуитет на добри резултати во подолг временски период…

P.S. Поздрав до моите „обожаватели“ во врвот на СДСМ… и честитки… „вашиот“ кандидат за избор на ректор на УКИМ го оствари високото второ место…, пишува Атанасов.

Атанасов беше дел од кандидатите кои одбија да учествуваат во, како што ја нарекоа изрежирана, нетранспарентна и недемократска постапка.

Албанскиот јазик станува зaдoлжитeлен за основците: Оставката на Атанасов била и поради ова

Заменик министерот Атанасов поднесе оставка: Промените кои ги навестувавме, не се случија

Коментирај