Екс Ју нарко-мафија во Австрија: Босанец е шеф, Хрват ја одгледува, Србин ја пакува дрогата

0
488

Австриската полиција соопшти дека уапсила 8-члена криминална група, чиј лидер е 48-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, поради сомнение дека одгледувале висококвалитетен канабис во Виена во Австрија. Уличната вредност на запленетата дрога од 113 кг., според пишувањето “Kleine Zeitung”, е 1,23 милиони евра, а за потребите на импровизираната плантажа за канабис, членовите на бандата потрошиле многу струја и на електроенергетската компанија и останале должни 110.000 евра.

Се’ почнало во ноември 2017. година, кога полицијата примила пријава за силен мирис кој доаѓал од куќа во градот Дојч-Ваграм. Лидерот на бандата, 48-годишниот државјанин на БиХ, бул уапсен уште во јуни.

Во подрумот биле пронајдени 350 билки, а истрагата утврдила дека за билките се грижел 39-годишен државјанин на Хрватска, кој во април бил уапсен во Виена. Неговиот соучесник, 52-годишниот државјанин на БиХ, бил уапсен во мај, на хрватско-словенечката граница и екстрадиран во Австрија.

Потоа полицијата извела акција во станот кој Хрватот и Босанецот илегално го изнајмувале во Виена. Притоа уапсен бил државјанин на Србија додека ја пакувал дрогата. На крајот била изведена акција во складиште во виенски Отакринг, каде биле пронајдени 1.300 стебла канабис, а уапсен бил и 31-годишен Хрват.

Извор: Република

Коментирај