ЕХФ ги објави термините за фајнал-фор, завршницата во Келн

0
302

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на 72 дена од фајнал-фор турнирот во Келн ги објави теремините, во кои ќе се играат натпреварите.

Турнирот ќе започне на 3 јуни за првпат со почеток од 15.15 часот со првото полуфинале, додека второто е закажано за терминот од 18.00 часот. Борбата за третото место ќе биде в недела со почеток од 15.15 часот, а големото финале во арената во Келн со капацитет од 19,750 гледачи ќе започне во 18.00 часот.

На 15 минути пред секој натпревар ќе има мала церемонија, како најава за ракометниот спектакл. Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи на 2 мај во Келн.

Коментирај