Егоизмот – непријател на бракот и врската

0
881

Егоизмот е нешто добро кога се работи лично за нас, но кога станува збор за врски и брак, неговото влијание може да биде многу штетно, ако и двајцата партнери не обрнуваат внимание еден на друг а тоа сигурно ќе доведе до проблеми во односите .

Многу често големите и навидум нерешливи проблеми можат да се решат со малку повеќе комуникација и подобро запознавање на нашиот сопствен внатрешен свет, како и тој на нашиот/та сакан/а …

Како да го препознаете егоизмот во вас?

  1. За време на дискусија повеќе мислите како да го одржите спорот и да наоѓате се повеќе и повеќе прилики тој да се прошири, отколку да барате начин да се помирите со вашиот партнер.
  2. Не ги споделувате со партнерот проблемите кои ве мачат во моментот туку оставате да се развијат и да стануваат се поголеми и погубни за вашите односите.
  3. Работите секогаш ги правите од гледна точка „Јас“ наместо од гледна точка „Ние“.
  4. Посветувате внимание само на вашето уживање за време на секс и не настојувате да го направите партнерот задоволен и среќен во сексуалниот однос.
  5. Префрлате и се лутите за непријатните (за вас) манири на партнерот и никогаш не размислувате или коментирате  дека вие исто така можеби поседувате такви кои го иритираат вашиот партнер.

Коментирај