Ефтов: Македонската УДБА е како туристичка агенција која на „странските УДБИ” им договара аранжмани

0
1362

Во моментот на теренот се Американската УДБА, Руската УДБА, Британската УДБА и Германската УДБА. Српската УДБА никогаш и нема заминато од Македонија.

Македонската УДБА е како туристичка агенција која на „странските УДБИ” им договара аранжмани со новинари, интелектуалци, јавни личности и политичари кои досега не биле дел од Чадорот, сакале да бидат ама не знаеле како да влезат или дома „во пижами” чекале како златна Чадор резерва. И сите тие забрефтано работат за Македонија.

Нивниот проблем е дека ништо не можат без вас. Затоа ве мешат како тесто вас и вашите емоции. Тие не се плашат кога сте гласни. Или кога сте послушни. Или кога работите за нив. Или кога работите против нив. Тие се плашат само кога ги игнорирате. Затоа игнорирајте ги. Вашиот шепот не можат да го слушнат.

Без вас им останува само со манифестација на груба сила или на грубо политичко коалицирање да ги решаваат работите. Ако тоа беше така лесно и едноставно досега сто пати ќе го направеа. Како викаат тренерите пред последниот напад: Без фаул. Оставете ги сами да играат и сами да даваат кошеви. Оставете на страна СДСМ, ВМРО, нови партии, интелектуалци, странци, тие ќе ви нудат сè и сешто, а вие понудете им само-Тишина! Сами нека си го реализираат сценариото.

Фејсбук објава на Васко Ефтов

Vasko-Eftov-FB-UDBA

Коментирај