Ефективни методи кои ставаат крај на грубата кожа на лактите

0
279

Сувите лакти иако не предизвикуваат болка, тие може да имаат непријатен изглед и да предизвикаат непријатност.

Постојат неколку лесни трикови со кои можете да ја направите кожата мека и мазна.

Вазелин
Вазелинот има различни намени – од користење за испукани усни до отстранување на шминка. Многу е ефикасен за омекнување на грубата кожа на лактите.

Глицерин
Користете висококвалитетен глицерин за грубата кожа на лактите.
Исто така можете да  наполните сад со вода и да додадете неколку лажички глицерин во него. Потопете ги лактите во течноста за 5-10 минути.

Шеќер
По третманот на лактите со глицерин, избришете ги со памучна крпа. Потоа измешајте една лажичка шеќер со кокосово масло и тријајте го на лактите. Маслото ќе ја омекне кожата, додека шеќерот ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата.

Коментирај