Едвај чекам да го прегрнам своето бебе – Уште еден македонски пејач ќе стане татко

0
853

Уште еден македонски пејач за прв пат ќе стане татко. Пејачот Димитар Андоновски вели дека едвај чека да го земе во раце неговото бебе кое треба да се роди за некој ден.

– Ситно броиме и за некој ден ќе станеме родители. Не дека чувствувам трема, но многу сум возбуден, сепак родителството е нешто по кое сите копнееме и за ваквите моменти живееме. Едвај чекам да го видам и земам бебушот во своите раце. Христина се чувствува супер и таа со нетрпение го очекува денот кога ќе се породи – откри пејачот кој од неодамна е дел од составот “Тајфата” со кој постојано има настани низ земјава, а наскоро ќе ја издадат и својата прва песна, снимена во студиото на Лазар Цветковски.

Dimitar-Andonovski-ceka-bebe

Коментирај