Едноставни навики кои ќе ви го намалат стресот за време на пандемијата со коронавирусот

0
193

„Вчера бев паметен па сакав да го сменам светот. Но, денеска сум мудар и сакам да се променам себеси”. Ова се мали навики кои полека можете да ги примените во своето секојдневие, а кои имаат огромна моќ да ви помогнат да се смирите и да го намалите стресот.

Исклучете го телефонот кога одите на спиење: Според едно истражување, дури 80% од луѓето го проверуваат својот мобилен уред во првите 15 минути по будењето. Ако сте еден од нив, треба да престанете да го правите тоа. Колку е убаво чувството кога спиете без прекини, а ќе се разбудите со 0 известувања.

Проверувањето на телефонот прво нешто наутро го зголемува нивото на стрес и го истоштува вашиот ум уште рано наутро. Затоа, најдобро е да го ставите телефонот на airplane mode, да се разбудите, да се освежите, па дури потоа да ги проверите известувањата.

Истегнување секое утро: Голем дел од луѓето кои ја применуваат оваа навика ја започнале бидејќи немале многу избор. Често, по будењето и станувањето од кревет се чувствуваме како да нè боли целото тело и тоа предизвикува голема вкочанетост кај многумина.

Не ви е потребна никаква опрема, ниту пак премногу време да го направите тоа. Само неколку вежби, кои ќе ве освежат наутро, а и ќе ја зголемат вашата флексибилност.

Практикувајте благодарност: Доволна е само една реченица во текот на денот која ќе си ја запишете некаде или ќе си ја кажете себеси. Запрашајте се зошто сте благодарни, што ве прави среќни и кои се убавите мали нешта во вашиот ден. Тоа ќе ви помогне да бидете позитивни.

Не брзајте никаде: Ова е период кога многу работи се во мирување, а тоа  е добра шанса да здивнете. Не си поставувајте превисоки цели, не ја бркајте среќата постојано. Слушајте го своето тело и направете го тоа што мислите дека му е потребно во моментот.

Спијте 8 часа во текот на ноќта, вежбајте доволно, но не до истоштување, јавете им се на оние коишто сакате да ги слушнете.

Вежбајте: Сите сме мрзеливи понекогаш, но овој период имаме повеќе слободно време и можности од вообичаено. Воспоставете практика да вежбате барем 20-30 минути во текот на денот. Раздвижете го своето тело. Докажано е дека физичката активност значително го подобрува расположението и го намалува стресот.

Коментирај