Едно во опозиција, друго на власт: Заев се колнеше и повикуваше на дебата за се и сешто, а сега одбива за најважното национално прашање

0
255

Додека беше во опозиција сегашниот премиер Зоран Заев цело време повикуваше на дебати меѓу власта и опозиција, но вчера ја одби отворената покана од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за дебата пред референдумот за промена на името на Република Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред два дена на прес конференција го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

-Имајќи предвид дека поминаа 4 месеци од нашето последно јавно соочување, а се случија многу работи. Почитуван претседател на владата Зоран Заев ајде заедно на дебата на ТВ дуел, затоа што имаме на маса договор со Грција, има многу лаги и лажни очекувања, афери, корупција, скандали, затоа што многу работи мораат да бидат слушнати, јасно и гласно. Ајде пред граѓаните да разговараме отворено јас и Вие и искрено за сите случувања што изминаа минатиот период за договорот, но и за сите останати теми кои што живот значат за граѓаните пред 30 септември. Овој пат почитуван претседател на владата Зоран Заев, за Македонија се работи. А јас верувам дека Македонија ќе победи, рече Мицкоски.

Но, оваа отворена покана од Мицкоски премиерот на државата ја одби вчера, велејќи дека такво нешто би прифатил доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ каже дека е против бојкотот на референдумот, иако веќе е познат ставот опозициската партија, која ги повика гласачите сами да одлучат дали да излезат на гласање и доколку би гласале сами да одлучат што ќе заокружат.

-Кога ќе соопшти дека е против бојкот, нека каже и нека избере медиум. Себеси се сметам за промотор на дебатата. Бојкотирањето на иднината на Македонија не заслужува дебата. Ќе прифатам дебата кога ќе каже дека е против бојкотирањето, порача Заев одбивајќи ја понудата од Мицкоски за јавно соочување пред граѓаните.

Истиот тој Зоран Заев кој сега ја одбива понудата за дебата во 2016 година ги повикуваше новинарите  да отвораат иницијативи за дебата на највисоко ниво.

-Дај да ги споредиме фактите и аргументите, дај народот нека цени преку тоа. Апелирам до медиумите да повикуваат на дебати и дуели помеѓу власта и опозицијата, велеше во 2016 година сегашниот премиер Заев, кој за самиот себе велеше дека е човек кој се бори за демократија и дека е демократ, но истиот тој Заев сега беа од основното средство во демократијата, а тоа е дебатата.

Инаку, многумина сметаат дека една од причините поради кои премиерот ја избегнува дебатата со лидерот на опозицијата е неможноста со факти и аргументи да го одбрани договорот со Грција, со кој се предвидува промена на Уставот и уставното име на Македонија.

Имено и во досегашниот дел од кампањата за референдумот Заев пред граѓаните не ги презентира придобивките кои според неговите зборови ги имаме од договорот, туку реториката во неговите говори е насочена кон евентуалното членство во ЕУ и НАТО, за кое само еден од условите е промена на името, а потребно е исполнување на уште многу.

Низ политичките кулоари пак кружат информации дека главен „виновник“ за овој потег било потесното политичко раководство на СДСМ предводено од Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска, кои не сакале дополнително да ја ослабат и така разнишаната позиција на владејачката партија пред претстојниот референдум. Упатените исто така не ја исклучуваат опцијата овој потег да бил инициран од некој друг „фактор“.

По изјавата на премиерот, преку социјалните мрежи Мицкоски порача– стравот и изговорот се типични за човек што се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност. „На крајот од дуелот ќе му кажам на Заев што мислам за бојкотот, но тој прво треба да се охрабри и да прифати дебата, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Извор:kurir.mk

Коментирај