Едно повредено лице итно пренесено во скопска Клиника, сообраќајка во Кавдарци

0
360

На крстосницата на улиците „Слога“, „Киро Крстев“ и „Димче Мирчев“ во Кавадарци, вчера во 15.00 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Д.Р.(72) и мопед „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од Б.О.(34), двајцата од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош од Кавадарци е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот

Коментирај