Единствената причина за мажот да остане заљубен во ЕДНА жена

0
904

Сигурни сме дека вашата врската во почетокот била возбудлива и исполнета со изненадувања. Правите заеднички планови, покажувате колку многу си значите еден на друг .

И одеднаш се запира!

Кога ќе запрат сите оние неочекувани и изненадувачки работи, имате чувство дека сета убавина од претходните денови испарила. Па, вистината е дека мажите се здосадуваат од монотонијата. Кога врската ќе стане премногу „удобна“, премногу предвидлива и ќе се претвори во рутина, мажите почнуваат да губат тло под нозете. Тука доаѓа моментот кога треба да се интервенира преку емоционалното привлекување. Ова е ситуацијата во која мажите ги признаваат искрено своите мислења и чувства и целосно се откриваат пред партнерот. Кога мажот каже дека веќе не е вљубен, треба и да објасни зошто, и што е тоа што ја натерало неговата љубов да исчезне. Кога мажите сакаат простор, обезбедете им го!

Растојанието никогаш не помага на врската, но овозможува можност да се „избега“ и да се размисли. Започнете да го правите она што недостасува во вашите односи. Бидете непредвидливи. Така ќе покажете дека навистина го слушате она што тој го вели. Ако работите во вашата врска не одат напред, не очајувајте. Штом сè уште сте заедно, значи навистина си значите еден на друг. Ова е вашата шанса повторно да го запалите огнот на страста така што започнете ја позитивната промена уште денес.

Коментирај