Еди Рама за првпат проговори за смртта на девојката на неговиот син

0
582

Да вистина е, но дозволете ми да кажам дека во оваа ситуација и во оваа голема обврска што ја имам како премиер, не сум сакал да зборувам за ова затоа што не е нешто што му се има случено само на нашето семејство, туку на сите нас. Ова само не поттикна да направиме нешто, затоа што не гледам нешто што би не разликувал од другите.

Ова го истакна премиерот на Албанија, Еди Рама кој за првпат во јавноста проговори за смртта на девојката на неговиот син.

Тој досега одбиваше да говори за Кристи Реци, која го загуби животот во силниот земјотрес што ја погоди Албанија, а еднаш си замина и од интервју со солзи во очите.

-Не сакам да зборувам за вакви работи кои се врзани лично со мојот син. Јас сум денеска во една позиција која е невозможно да се објасни. Тие мислат дека давам душа за пари, рече тогаш Рама.

Извор: курир.мк

Коментирај