Еди Рама му замери на Пендаровски: „Чудно е да се слушне заложбата на Пендаровски Македонија да се одвои од Алабанија“

0
493

Албанскиот премиер Еди Рама ја искритикува заложбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски за одвојување на Македонија од Албанија во пристапувањето кон Европска унија.

„Претседателот @SPendarovski имплицитно се залага за „одвојување од Албанија“? Чудно е да се слушне ова, особено кога се има предвид клучниот придонес на Албанија и на Албанците во демократскиот развој и европскиот пат на нашата пријателска соседна држава. Не звучи правилно, ниту практично чесно!“, порача Рама на Твитер.

Коментирај