Еден од најдобрите светски ракометари нема да игра во Келн! За кого станува збор…

0
269

Ракометарот кој од Вардар се пресели во редовите на Келце и сезонава повеќе е на трибините отколку на теренот поради честите повреди најверојатно нема да може да му помогне на својот тим и да игра на Ф4 турнирот во Келн.

Циндриќ заработи нова повреда и тој ќе мора одново на рехабилитација. Сезонава имаше неколку повреди меѓу кои настрадаа глуждот, ребрата, стомачните мускули… па не е ништо ново кога тој ќе се повреди бидејќи неколкупати се врати на терен недоволно залечен и само се продолжуваат проблемите.

Luka-Cindrik-Vardar

Дали ќе може да игра ќе биде познато пред Ф4 турнирот во Келн, но сè поизвесно е дека нема да биде подготвен за да му помогне на својот тим.

Сигурно ќе го нема ниту во финалето од Купот на Полска в недела против Висла Плоцка, а веќе е извесно и дека ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона и ќе се упати кон Барселона.

Коментирај