Двојни стандарди на СДСМ – Бркаат од работа за Фејсбук статус, а партиските послушници по институциите по цели денови го воспеваат Заев

0
234

Јавноста беше фрапирана од случајот, на Сузана Анова, вработена во МТСП, која добила отказ, поради политички став на фејсбук. Власта оркестирано се пресметува со сите партиски неистомисленци во институциите, ги шиканира и брка од работа, а во исто време вработува свои партиски активисти преку разни огласи за привремено вработување, кои за три месеци треба да се трансформираат во редовен работен однос.

И додека едни се шиканираат и бркаат од работа други се наградуваат и добиваат повластици.

Каде е одговорноста и професионалната администрација на Град Скопје да го казни Влатко Васиљ, кој во работно време наместо да си ја работи работата за која е платен од парите на граѓаните пишува на фејсбук.

 

Истата е ситуацијата и со портпаролката на општина Центар, Катерина Цаневска, коај во работно време наместо работата за која е платена седи на фејсбук и го велича рушењето на споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето и се расправа со граѓаните.

Вакви примери каде вработените од новата власт наместо да ја работата работата за која согласно закон и опис на работно место се платени седат на фејсбук и спроведуваат партиски агенди се бројни.

Едни се аршините за членовите на ВМРО-ДПМНЕ, други за СДСМ и нивните истурени партиски играчи.

Извор: Курир.мк

Коментирај