ДВОЈАЗИЧНОСТА ДОЈДЕ НА РЕД: Пендаровски и Села разговарале за употреба на албанскиот јазик

0
492

Претседателот на Република С.Македонија, Стево Пендаровски денеска се сретна со Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република С.Македонија.

На средбата се разговараше за условите во однос на примената на Законот за употреба на јазиците од страна на јавните институции во Република С. Македонија.

Директорот Илбер Села го информираше претседателот Пендаровски за досегашните реализирани активности, како и за предизвиците и плановите на Агенцијата при спроведувањето на Законот. Тој го истакна значењето на примената на Законот од страна на институцијата Претседател на Република С.Македонија и изрази очекување дека и други институции во државата наскоро ќе го приспособат нивното работење согласно Законот за употреба на јазиците.

Двајцата соговорници констатираа дека почитувањето на Законот за употреба на јазиците дава значителен придонес за развојот и негувањето на меѓуетничкиот соживот, како и во остварувањето на стратешките цели на Република С.Македонија, полноправно членство во НАТО и Европската унија.

Pendarovski-Ilber-Sela-jazici-2

Коментирај