Двојазична поштенска марка со ликот на Скендербег пуштена во оптек, иако законот не е стапен на сила

0
2299

На денешната свечена академија по повод 550-годишнината од смртта на Ѓорѓија „Ѓерѓ“ Кастриот попознат како Скендербег беше промовирана двојазична поштенска марка со ликот на Скендербег иако Законот за јазици, сè уште не е стапен на сила.

Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, не знаеше да одговори според кој закон или пропис е изработена марката, додека пак Генералниот директор на Македонска пошта, Фаадис Реџепи се повика на внатрешни прописи.

550-godini-od-smrtta-na-Skenderbeg-postenska-markaИнаку, според Законот за јазици, кој беше изгласан од Собранието, е предвидена можноста, поштенските марки да бидат двојазични, но за тој да стапи на сила, сè уште се чека потписот од претседателот Ѓорге Иванов кој има рок до утре на полноќ да го потпише или не указот за прогласување на законот.

Во меѓувреме, марката веќе се најде и на веб сајтот на Македонски пошти. Издадена е во тираж од 6 илјади примероци и номинална вредност од 18 денари. Поводот е 550 годишнината од смртта на Скендер Бег, која денеска беше прославена и со свечена академија во Собранието на Република Македонија.

loading...

Коментирај