27 C
Скопје
петок, август 17, 2018
Магазин Забава Двочасовен страв поради најлудиот хорор: Од овој филм се преплашија и критичарите...

Двочасовен страв поради најлудиот хорор: Од овој филм се преплашија и критичарите (ВИДЕО)

0
659
Hereditary

Оваа година излегоа многу одлични хорор-филмови, но филмот „Hereditary“ на режисерот Ари Астер го нарекуваат најстрашниот во поново време.

-Ништо не може да го подготви светот за овој хорор – пишува веб-страницата „Унилад“ за премиерно прикажаниот филм на филмскиот фестивал „Санденс“.

По премиерата, гледачите го опишаа филмот како „двочасовен страв“ и „најлудиот хорор“ за оваа година.

Доколку нивните коментари не ви беа доволно уверливи, тогаш би можело да ве увери она што се случило на прикажувањето на филмот за филмските критичари само една недела пред официјалното прикажување во американските кина.

Филмските критичари имале можност да го погледнат филмот пред другите, а судејќи според нивните постови на социјалните мрежи, дури и тие не останале имуни на овој филм.

– Го погледнав „Hereditary“ во сала полна со филмски критичари кои веќе „отрпнаа“ на вакви работи. И беше задоволство да се слушнат нивните врескања и воздишки. Погледнете го хоророт, верувајте ми,  пишува критичарот Арон Морган.

Критичарите пишуваат дека она по што се разликува од другите хорори е дека истовремено е и моќна драма што се занимава со тага и губење на односите во семејството. Филмот ги следи семејството Грахам и ликот Ана, која се обидува да се помири со загубата на нејзината мајка Елен, која починала од рак. Ана ја глуми Тони Колет, за која многу луѓе велат дека заслужува филмска награда.

Коментирај