Движење БЕСА: ДУИ нема морален и политички капацитет

0
497

„По последната изјава на ДУИ дека немаат заземено став за да учествуваат во владата која можеше да ја формира мандатарот Никола Груевски, Централното Претседателство на Движењето БЕСА – по консултациите на вчерашната средба – изјавува дека со оваа ситуација се појавија три работи кои се многу важни за јавноста:

– Конечно самата ДУИ сведочеше дека т.н. принцип “победникот формира влада со победникот” беше само алиби за безусловно споделување на власта со Груевски;

– После јавниот став на ВМРО-ДПМНЕ дека не ја прифаќа заедничката Декларација на Албанските партии во Македонија (која се постигна со асистенција на Тирана и Приштина) и, покрај тоа, отпочнувањето на преговорите од страна на ДУИ со оваа партија, е прекршување на оваа декларација, со што уште еднаш се потврдува фактот дека оваа партија не е во состојба да почитува ниту едно заедничко залагање на Албанците. Тука се подметнува прашањето уште колку време и аргументи и требаат на ДУИ за да го разбере анти-албанскиот став на ВМРО?

– Недостатокот на одлука од страна на оваа партија зборува и за недостатокот на политички капацитет на овој субјект за да донесе било какви одлуки, оваа како резултат на моралната и политичката криза на оваа партија.
Во принцип, Движењето БЕСА, како вториот Албански политички субјект во Македонија со еден сосема нов пристап во политиките активности, изјавува дека – без принципиелниот став на БЕСА против Груевски – сигурно немаше да се случи претседателот на ВМРО, како никогаш порано, да не успее да формира влада.

Поради оваа причина, Движењето БЕСА смета дека демократскиот квалитет, донесен во сцена преку платформата Редефинирање, дава надеж дека во иднина Албанскиот интерес ќе биде во сигурен пат“, се вели во соопштението на Движењето БЕСА.

Коментирај