Двегодишно девојче каснато од куче во Козле, сопственичката на кучето заедно со него избегала

0
637

Вчеравечер 27-годишната Н.Ц. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 20,00 часот, на ул.„Козле“, нејзината двегодишна ќерка била касната од куче.

Веднаш потоа сопственичката, жена на возраст од 50-60 години, заедно со кучето се оддалечила во непознат правец.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај