Две нови жртви на Ковид-19 во Македонија, едниот 31-годишен пациент

0
437

Две лица починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица на Ковид-19, 91 годишен пациент и 31 годишен пациент.

Како што информираше денеска на прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче 91-годишниот пациент бил хоспитализиран пред осум дена, а изутринава починал и пациент на 31 годишна возраст, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Тој бил во тешка клиничка состојба и од вчера бил ставен на респираторна машина.

Изминатите 24 часа, како што информираше Филипче, има 16 новодијагностицирани случаи, со што вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 257 лица. Со новите случаи до денеска од Ковид-19 починале шест лица.

На Инфективната клиника, додаде тој се примени тројца пациенти, од Скопје и од Куманово и во моментов таму има вкупно 49 хоспитализирани лица, од кои седуммина се со потешка клиничка слика, односно имаат пневмонија, а другите пациенти се во стабилна состојба. Во моментов нема пациенти на респираторни машини.

Во меѓувреме Филипче потврдени уште два новозаразени случаи

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Тој информира дека во текот на прес-конференцијата, Институтот за јавно здравје потврдил уште два позитивни пациенти.

– Така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18, односно по градови, Штип шест, Скопје и Велес по три, Струга два, Струмица,  Дебар, Тетово и Гевгелија  по еден новодијагностициран, пишува Филипче.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 145, Дебар – 46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп – 8, Велес – 6, Тетово – 5, Струга- 5, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Битола – 1, Гевгелија – 1, Струмица – 1

Коментирај