Две лица со фалсификувани патни исправи фатени на „Табановце“

0
353

На 07.02.2017 година во 00.10 часот на ГП „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи на лицата Д.М. (28) и Г.В. (39), двајцата од Р.Албанија, се фалсификувани, односно извршена била замена на по една страница од друга патна исправа. Со нив бил извршен разговор и истите изјавиле дека фалсификувањето го направиле со цел да ги отстранат забраните, кои им биле втиснати. Со потврда за привремено одземени предмети, патните исправи  им се одземени, а лицата се приведени. Во 01.20 часот со потврди за предавање на лице, лицата и патните исправи се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментирај