Две деца оставени сами дехидрирани во автомобил, граѓани кршеле стакло за да ги спасат

0
1481

Две деца се најдени оставени сами вчера во автомобил марка „Алфа Ромео“ на паркинг на бул. „Видое Смилевски Бато“ дехидрирани. Граѓани алармирале, по што повикале полиција.

Неофицијално, еден од очевидците на настанот го скршил стаклото за да ги извадат малолетните деца од автомобилот. Децата се братче и сестриче, едното е три години, а другото седум. Децата се префрлени на клиника.

Случајот за „Република“ го потврди и МВР. Се уште не е познато колку време биле оставени децата сами на топлото време во загреаното возило. Ќе се врши увид за настанот.

Извор:Република.мк

Коментирај