Дванаесет членки на ЕУ бараат укинување на роамингот за Балканот и учество на политички состаноци

0
118

Дванаесет земји членки на Европската Унија бараат земјите од Западен Балкан да учествуваат на политичките состаноци на ЕУ и да им биде укинат роамингот пред нивното пристапување во Унијата, се наведува во документ предложен до Европската комисија, јавува „Ројтерс“.

Европската комисија утре ќе ја разгледува новата стратегија за проширување на Унијата, која ќе воспостави прецизни рокови за можен напредок на земјите кандидати.

Имено, 12 членки на Унијата – Австрија, Чешка, Естонија, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Латвија, Малта, Полска, Словенија и Словачка – бараат чекор понатаму и предлагаат редовни годишни самити со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и на Србија.

Во предлогот од 12 точки овие земји наведуваат и дека ЕУ треба да им дозволи на министрите од Западен Балкан да учествуваат на највисоките состаноци на ниво на ЕУ во областа на здравството, транспортот и надворешната политика.

„Ова се мерки што нас ништо не нè чинат, а имаат огромно политичко влијание и би го подобриле имиџот на ЕУ во регионот“, се наведува во предлогот.

Истовремено, предложено е и укинување на роамингот, наведува „Ројтерс“, за регионот во кој живеат 18 милиони жители.

loading...

Коментирај