Дурловски: Безбедно за нашето здравје е да сме разделени, за економијата сплотени – Купувајте #Македонско

0
140

Оперскиот пејач Игор Дурловски преку својот Фејсбук профил упати повик за купување македонски производи заради помош на македонската економија во кризата предизвикана од коронавирусот.

„Безбедно за нашето здравје е да сме разделени, за економијата сплотени. Купувајте #Македонско“, апелира на Фејсбук носителот на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ и еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ Дурловски.

Ова не е прв пат Дурловски да повика на купување на македонски производи, тој и пред две недели преку својот Фејсбук профил порача: „Откога ќе го победиме #Ковид19, купувај македонски производи, поддржувај македонски компании, посетувај ресторани и локали во Македонија. Помогни си за да можеш да помогнеш на другите. Во меѓувреме седи дома, чувај се!“

Коментирај