Еден од најжестоките поддржувачи на владата на Заев професорот Тито Беличанец со остри критики за СДСМ и ДУИ за она што се случува во Охрид.
Јавно повикан да реагира за противправната градба во Охрид која ја прават членови на ДУИ кои се толерирани од градоначалник од СДСМ, Беличанец бара апс за луѓето на ДУИ и оставка за охридскиот градски татко од СДСМ.
„Се моли Професорот @BelicanecTito јавно да се произнесе околу функционирањето на правната држава во врска со дивоградбите во Охрид, и дивеењето на локалните шерифи од Дуи!!!“, стои во Твитот на корисникот потпишан како Диле Јоргачев
Се моли Професорот @BelicanecTito јавно да се произнесе околу функционирањето на правната држава во врска со дивоградбите во Охрид, и дивеењето на локалните шерифи од Дуи!!!
— Диле Јоргачев (@jorgachewsky) July 13, 2019
На ова Беличанец одговара: „ЛОКАЛНИТЕ ШЕРИФИ НА ДУИ СЕ ЗА ВО АПС.“, а во друг коментар на истата објава додава: „Катастрофа. Градоначалникот на Охрид веднаш оставка, освен ако “реконструкцијата” била формално покриена со акт на надлежниот орган на општината спротивно на урбанистичкиот план. Во правна држава незаконитото решение се поништува преку суд и руши незаконски изградениот објект“.
Професорот Беличанец важи за еден од најревносни бранители на политиките на актуелната влада.