Дуел против силната Хрватска: По две победи, македонските ракометари на мегдан со играчите на Червар

0
125

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Минхен ќе го одигра и третиот натпревар на светскиот шампионат во Германија и Данска.

Противник на црвено жолтите е силната и фаворизирана Хрватска предводена од стариот лисец Лино Червар.

По серијата од две победи во стартните кола над Јапонија и Бахреин за подмладениот македонскиот национален тим ова ќе биде првиот вистински тест на Мундијалот.

Дуелот против силната Хрватска ќе даде одговор за вистинските квалитети на оваа наша подмладена селекција во која се позначајна улога имаат младите Талевски, Кузмановски, Поповски, …

Само со цврста игра во одбрана, многу подобра од изданијата против Јапонија и Бахреин и стрплив напад вечерва ќе можеме да бидеме рамноправен противник на квалитетната Хрватска. Тактичкото надмудрување меѓу големите стратези на двете клупи Гонзалес и Червар кој одлично ја познава играта на нашата селекција ќе му даде посебен шмек на овој натпревар.

Дербито на 3 коло во Групата Б , Македонија и Хрватска го очекуваат со максимален ефект во досегашниот тек од првенството.

Коментирај