Државни возила во партиска служба: Ситe функционери на СДСМ на ЦО со службени коли (ФОТО+ВИДЕО)

0
614

На синоќешниот состанок на Централниот одбор на владејачката СДСМ, сите државни функционери дошле со државни возила – открива новинарот на ТВ 21, Фуркан Салиу.

Радмила Шеќеринска после седницата на ЦО на СДСМ
Вицепремиерката Радмила Шеќеринска после седницата на ЦО на СДСМ
Министерот Оливер Спасовски после седницата на ЦО на СДСМ
Министерот Оливер Спасовски после седницата на ЦО на СДСМ
Министерот Љупчо Николовски после седницата на ЦО на СДСМ
Министерот Љупчо Николовски после седницата на ЦО на СДСМ
Министерката Мила Царовска после седницата на ЦО на СДСМ
Министерката Мила Царовска после седницата на ЦО на СДСМ

Funkcioner-na-CO-na-SDSM-so-sluzbena-kola

„ВО СЛУЖБА НА ПАРТИЈАТА СО ЈАВНИ ПАРИ -Скоро сите функсионери на #СДСМ со државни возила на партиска средба“, напиша Салиу на Твитер и објави видео.

Погледнете:

Ова не е прв пат да се злоупотребат службените возила за партиски цели. Премиерот Заев, министрите и функционерите од СДСМ за време на локалните избри во 2017 година беа обвинувани за злоупотреба на службените возила за партиски цели.

Но, вакви злоупотреби се случуваат и покрај ветувањата на премиерот Зоран Заев на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ кога рече дека Владата донела упатство за забрането користење државни ресурси за лични и партиски цели.

Коментирај