Другарките се клучни за идната врска

0
141

Мажите со многу пријателки повеќе ги привлекуваат припадничките на понежниот пол.

Тоа е резултат на  едно ново истражување спроведено на Универзитетот во Тексас.

Тие велат станува збор за т.н. ‘ефект ореол’ односно тоа значи дека жените сметаат оти добар потенцијален партнер е оној кој постојано е опкружен со жени.

“Жените ја набљудуваат романтичната или сексуалната интеракција помеѓу еден маж и други жени. На основа на тоа, добиваат заклучок дали тој е е добар и има потенцијал за партнер”  – вели Сара Хил, еден од водечките истражувачи на оваа студија.

Но тоа не сè. Ако пак мажите имаат околу нив жени кои се привлечни, во тој случај шансите се уште поголеми.

Со ова се руши старото правило дека никој нема да ви пријде ако имате до вас пријатели или познанци од спротивниот пол со кои сте излезени.

Така што момци, само напред!

Извор:hybread.mk

Коментирај