Дрога кај шестгодишно момче: Дете во градинка пронашло кокаин во ранецот на другарчето

0
583

Шестгодишно девојче од градинка во Филаделфија пронашла пакет кокаин во ранецот на другарче од групата, соопштија властите.Полицијата го испитувала девојчето, кое вчера пронашла кокаин и мислејќи дека се работи за шеќер го ставила пакетот во уста. Почнала да го жвака, но не го пробила со забите. Воспитувачот ја здогледал со пакетот и го земал, сомневајќи се дека станува збор за дрога.
Градинката потоа ги известила властите.Тоа девојче, како и детето во чиј ранец е пронајдена дрогата, ги прегледал медицински тим и утврдено било дека не внеле кокаин во организмот.
Полициските службеници ги пребарале торбите на другите деца во градинката и не нашле ништо.Не се знае како кокаинот завршил во ранецот, а полицијата не верува оти детето дрогата ја донела од дома.

Коментирај