Дресирани домашни миленици откриваат одредени болести кај луѓето

0
364

Научниците тврдат дека постои уште еден начин да се препознаат одредени болести кај луѓето, а тоа е со помош на дресирани домашни миленици.

Кучињата може да откријат рак и да помогнат на дијабетичари

Кучињата поседуваат извонредно чувство за мирис-околу милион пати подобро од нашето, може да почувствуваат рак во човековото тело. Нивниот потенцијал за дијагноза прв пат е препознат во 1989 година кога куче отрило рак на кожата на својот сопственик така што, постојано го мирисало делот од кожата што веќе бил зафатен од болеста. Истражувањата спроведени во 2006 година, велат дека дресираните кучиња откриваат рак на белите дробови и гради со неверојатна прецизност од 88%-97%. Овие истражувања биле спроведени од Pine Street Fondation, група за истражување на ракот во San Aselmo, California и Police Academy of Sciences.

Здравствени предности кои ни ги носат мачките

Истражувања спроведени на Универзитетот во Minnesota, откриваат дека сопствениците на мачки имаат 30-40 проценти помали шанси од кардиоваскуларни болести. Според студиите, сопствениците на кучињата ги немаат овие предности. Чувањето на мачка може да му помогне и на вашиот имунолошки систем. Ако планирате да имате бебе, размислете за купувањето на домашно милениче. Мачката може да ви помогне за спречување на алергиите кај децата. Некои студии тврдат дека новороденчето кое живее со животни, особено мачка или куче, има голема веројатност да избегне развивање на некои од многуте алергии. Мачките исто така го намалуваат и крвниот притисок. Личностите кои имаат мачки, според истражувањата на Универзитетот во New York, во Buffalo, имаат понизок крвен притисок од оние кои немаат домашни миленичиња.

Мајмунот помага на личностите со инвалидитет

На многумина ова може да им звучи неверојатно, но ова е само уште една вистинска приказна: На парализирана жена и паднал мобилниот телефон и сите делови му се разлетале на различни страни. Нејзиното милениче, мајмун дресиран да и помогне, веднаш ги склопил деловите од мобилниот телефон, следејќи ги вербалните наредби од како „крени“, „состави“ и слично. „Дресираните мајмуни може да помогнат додека листате списание или книга, да го вклучат DvD или дигитронот“, објасува Megan Talbert, извршен директор на невладината организација Helping Hands, која овозможува обука за мајмуни кои помагаат на возрасните личности со повреда на рбетниот мозок.

Извор:www.hybread.mk

Коментирај