Драстични мерки во Милан – Еве што им направи Гатузо на фудбалерите!

0
232

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо одлучи да ги затвори фудбалерите во клупската тренинг-базата пред натпреварот од 35-тото коло од Италијанскиот шампионат со Болоња, објавуваат италијанските медиуми.

Ова се случи откако играчот од средниот ред, Бакајоко, доцнеше на тренинг речиси еден час.

Така, играчите од утре нема да ја напуштат базата во следните пет дена. Оваа одлука им беше соопштена на фудбалерите во присуство на Леонардо, техничкиот директор на клубот.

Се шпекулира дека еден од играчите се обидел да го разубеди Гатузо, но без успех. Бакајоко го очекува сериозна парична казна.

Натпреварот Милан – Болоња ќе се игра в понеделник на 6 мај, а Милан ја загуби 4-тата позиција на табелата која води во ЛШ следната сезона.

Коментирај