Драмата заврши: Наум Петрески е жив

0
1394

Како бомба одекна веста дека Наум Петрески е заглавен во водите на– Сиднеј. Имено, според пишувањата на одредени медиуми пејачот и неколку негови блиски пријатели утрово тргнале на риболов, но додека биле на јахта ги зафатило големо невреме и им се изгубил секаков траг.

Ексклузивно за ВЕЧЕР, Зуица Лазова, сопругата на Наум откри дека се е во ред со пејачот и потенцираше дека екипа веќе ги пронашла и се на пат за назад.

“Во ред се, сега ги слушав, се враќаат”, накусо, но вознемирено прокоментира пејачката.

Инаку, на јахтата со Наум е и Стив од групата „Куку Леле“ и неколку нивни блиски пријатели.

Коментирај