Драма во основно училиште во Скопје: Наставничка два пати физички нападнала ученик

0
1847

Драма се случила во понеделникот во скопско основно училиште.

Во Полициско одделение Сарај, А.Р. од село Арнакија вчера во 14.40 часот пријавил дека неговиот 13-годишен син на 2.4.2018 година околу 11.45 часот во Основното училиште „Емин Дураку“ бил физички нападнат од страна на негова наставничка, која прво го нападнала во училница, а потоа и во ходникот од училиштето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Фото: Илустрација

Коментирај