Драма во Африка: Ивица Дачиќ се отрул од козји гулаш

0
258

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за време на африканската дипломатска тура доживеал вистинска драма кога му се слошило најверојатно поради локален специјалитет.

На министерот Дачиќ, како што се дознава, му било лошо од козји гулаш, кој е специјалитет во Буркина Фасо, но кога примил инфузија, неговата состојба се подобрила.

Изворите откриваат дека Дачиќ иако е со општа добра здравствена состојба, ваквите ситуации не се пријатни, посебно ако се наоѓате во непристапни и егзотични земји.

-Тој често патува по африканските земји бидејќи тоа е дел од стратегијата за намалување на бројот на земји кои го признале Косово. Веројатно му опаднал имунитетот, неодамна имаше јак вирус, дури два дена помина и дома. На ваквите патувања се води сметка што се јаде, но промената на клима, временските разлики, па и водата можат да предизвикаат повраќање и дијареја. Добро е што по брзата интервенција на лекарите на министерот му беше многу подобро,  открива изворот, пренесуваат српските медиуми.

Коментирај