Драма на релито Дакар: Возач прегази човек и продолжи да вози!

0
98

Рускиот возач Андреј Кардинов направи хаос за време на последната етапа на познатото Релито Дакар.

Имено, Возачот на рускиот тим Камаз постапи крајно несовесно и влета во мала група на луѓе во среде пустина, а еден од нив тешко го повреди.

Се работи за Јужноафриканец кој не успеа да избега од тркалата на камионот и заработи скршеница на потколеницата. Тој со тешки повреди беше транспортиран во болница во најблискиот град.

Овој инцидент ги зачуди сите, а Кардинов експресно беше дисквалификуван од релито поради својата постапка.

Извор: sportski.mk

Коментирај