Драган Богдановски: Братимењето на крвните непријатели (Грците и Бугарите)

0
475

Братимењето на крвните непријатели

Пишува: Драган Богдановски, еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.

„Во целата историја на човештвото ретко може да се најде таков пример за тоа како два соседни народи во текот на долги векови непрекидно да стојат во односи на „крвни“ и вечни непријатели, како што е случајот со Грците и Бугарите.

Откако кон крајот на VII век турано-монголското племе Бугарите создале во Мизија со затечение таму словенски плениња заедничка држава во која од тие два етнички различни елементи настанал бугарскиот народ, Грците и Бугарите цели тринаесет векови, од поколенија на поколенија, имаат живеено со омраза еден спрема друг.

Семето на таа омраза било посеано уште во VIII и IX век кога полудивите азијатски хорди на бугарските ханови оделе во пљачкошки поход во богатата Византија, сеејќи огин и пустош каде што ќе минеле. Уште тогаш Византиските хроничари во своите написи зборуваат за „крвожедните“ Бугари, за тоа „варварско племе“ што за знаме носело конска опашка и чиј хан пиел вино од черепот на византискиот император Никифор.

Уште тогаш, во далечни времина, името Бугарин во византискиот речник останало синоним за варварство, со кое, „културните“ Грци ги нарекувале и другите словенски народи, а не само Бугарите. Од ваква слепа омраза против Словенството Грците ги нарекувале „Бугари“ т.е. варвари и војниците на македонскиот цар Самоил иако во армијата на овој самостоен феудален владар во Македонија имало најмалку Бугари.

Создаданата омраза спрема Бугарите била подржувана низ целиот Среден век. Главен конзерватер на оваа грчка омраза спрема Бугарите била грчката Цариградска патријаршија т.е. нејзиното духовништво, воспитувано во големогрчки дух и во омраза спрема сè што е словенско, и на прво место, спрема сè бугарско.

За време на петвековното турско ропство Цариградска патријаршија била оставена како духовна власт за сите православни христијани во Отоманската империја, па под услови на турско политичко ропство, грчкиот клер долги векови ја пориснувал словенската писменост и водел политика на асимилација на словенските народи.

Од ова грчко духовно ропство особено пропатил бугарскиот народ, кој бил жестоко експлотиран и духовно угнетуван од страна на грчкиот клер и фанариотството.

Бугарските воздорежденци во минатиот век морале да водат тешки и долготрајни борби за еманципација на бугарскиот народ од грчкото духовно ропство. Во тие борби во душата на бугарскиот народ се создавала една оправдана омраза против грцизмот, против тој „лукав“ и „подол“ народ – како тоа што се зборува во бугарската литература.

Омразата меѓу овие два вечни непријатели достигнала своја точка на кулминација кога интересите на грчкиот и бугарскиот национализам жестоко се судриле во Македонија. Ова распламнување на старата омраза меѓу Бугарите и Грците отпочнало во втората половина на минатиот век, а пак во овој наш XIX век (напишано во 1972), таа избувнуваше и во неколку крвави војни кои доведуваа до вистински коложи на невиното грчко население во Егејска Македонија од страна на бугарската солдетеска, и до колежи на уште поневиното македонско население кое плаќаше данок во крв за бугарските злосторства.

Македонија беше претворена во арена во која крвареа овие два балкански национализми. По прашањето за Македонија Грците и Бугарите никако не можеа да се спогодат и пред светот тие истапуваа секој од сопствена теза и „вистина“. Повеќе од еден век грчките и бугарските националисти водеа спор по прашањето од каква народност се Словените во Македонија.

Спротивно на бугарската теза за „бугарската“ припадност на Словените во Македонија, грчките националисти потрошија милиони суми и напишаа илјадници книги во кои „докажуваа“ дека населението што зборува словенски во Македонија нема никаква етничка сродност со Бугарите, ниту пак дека во тоа население има бугарско национално чувство.

Овиа население грчките националисти еноставно го прикажаа за „словеногласни Грци“. Дека ова така било секој заинтересиран човек може да се убеди ако се нурне не само во купиштата на грчките весници и списанија, туку и во „сериозната“ грчка историографија и етнографија.

По поделбата на Македонија меѓу тројните балкански окупатори, грчките националисти поведоа политика на насилно иселување на Македонците од Егејска Македонија. Поголемиот дел од овие насилно ислени Македонци беше иселен во Бугарија согласно на криминалната спогодва што ја потпишаа Бугарија и Грција за размена на грчкото население од Бугарија, со „бугарското“ од Грција. Но, иако овие македонски несреќници беа иселени како „Бугари“ грчките властодршци и понатаму си останаа на својата стара теза дека „словеногласното население“ не е од бугарски етнос.

Едно време Грција за да го задоволи апетитот на српските мегаломани егејските Македонци ги призна како „српско малцинство“ во Грција! Но и покрај ова мало отстапување од старата грчка теза за националната припадност на егејските Македонци, грчките националисти никогаш не престанаа „словеногласното население“ во Егејска Македонија да го третираат како составен дел од грчкиот народ. Тие одеа уште и подалеку, па и „словеногласното население“ во вардарска и Пиринска Македонија го прогласуваа за грчко и не еднаш зборуваа за негово „ослободување“. Како „докази“ за ова нешто, грчките националисти се потпираа на фактот што и после воспоставувањето на власта на Бугарската егзархија во Македонија во последната четврт од минатиот век, голем дел од  „словеногласното население“ си останал под духовната „национална“ власт на „грчката“ Цариградска патријаршија. Во бившите патријаршисти грчките националисти почнаа да наоѓаат „чисти Грци“. Ова своја теорија грчките националисти свесно и предомизлено ја развиваат и во својата „сериозна“ наука, а заедно со неа добиваа форма и грчките претензии на делови од Вардарска и Пиринска Македонија како што се градовите: Охрид, Битола, Прилеп, Гевгелија, Дојран, Струмица, Неврокоп, па дури сè до Скопје!

Оваа грчка теорија, а заедно со неа и грчките претензии на делови од Вардарска и Егејска Македонија, најде поблагопријатни услови за ширење под режимот на воената хунта на грчките фашисти. Крвникот на грчкиот народ генералот Патакос и другигрчки официјални лица пред две години изјавија во Солун дека цела Македонија е грчка земја и дека Грција никогаш нема да заборави дека од другите страни на границите има население „што живее со копнежи еден ден да се приклучи кон мајката-татковина Грција“!

Меѓутоа, денешните грчки мегаломани се присилени од македонската стварност, особено од онаа во Вардарска Македонија, која после Втората светска војна израсна во национална држава на македонскиот народ, да бараат нови лаги за својата големогрчка антимакедонска пропаганда. Тие „нови“ лаги во сушност беа толку стари колку е старо и македонското прашање, а нив грчките националисти ги зедоа од устата на бугарските шовинисти. Така во борбата против македонската нација дојде до братимење меѓу вечните непријатели, меѓу бугарските и грчките националисти, и парадоксот да биде уште поголем – мешу грчките фашисти и бугарските комунисти! Сега тие со удружени сили и комбиновано лажење истапуваат на фронтот против македонската нација. За да „докажат“ дека македонската нација не постои, грчките шовинисти почнаа да ја прифаќаат тезата на бугарските националисти според која словенското население во Македонија, неговата култура, јазик и историско минато се составен и неразделив дел од бугарската нација.

„Комунистите во Скопје – пишуваат сега грчките националисти – вештачки изиграваат некаква македонска нација, но бидејчи таква нација порано никогаш не псотоела во историјата, тие ја изградуваат на штета на историјата и културата на еден друг народ“. Тој „друг народ“ на чија сметка била изградувана македонската нација бил бугарскиот народ! Во „објаснувањето“ на оваа „нова“ теза грчките националисти папагалски ги повторуваат лагите на бугарските националисти во врска со борбите што ги водеше македонскиот народ во минатото за своја духовна и политичка независност.

Грчките националисти не признаваат никаква домородна словенска појава во Македонија, за нив и славната илинденска епопеја била дело на Бугари и на бугарски приврзаници во Македонија! Заслепени од антимакедонската омраза, грчките националисти и самите не осеќаат дека трескаат глупости. Така на пример во грчкиот печат и во изјавите на некои грчки општественици стретнуваме тврдења дека К.Црвенковски, Љупчо Арсов, Киро Глигоров и други раководни личности од денешната Македонска Република биле „криптобугари“, дека зборувале на нивниот „бугарски дијалект“ и сл.

А сето ова, како што и на целиот свет му е познато, се зборува за луѓе кои што крв пролеваа за борбата против бугарското национално ропство и се сметани и од самите бугарски црвени шовинисти за „заколнати врагови“ на бугарштината. Но, разбира се, грчките шовинисти најмалку се загрижени за изнесувањето на вистината. Сето ова тие го прават со одредена политичка калкулација. Националната афирмација на македонскиот народ, особено оној во Вардарска Македонија, кој денес има и своја национална држава, е трн во очите и на грчките шовинисти и мегаломани, кои знаат и чувствуваат многу добро дека македонското прашање денес помина во рацете на самите Македонци, дека тоа прашање навлезе во една своја нова историска фаза, наполно спротивна од балканското „решение“ на македонското прашање.

Македонската национална афирмација претставува опасност за грчкото владеење на дел од македонската земја, па затоа грчките националисти сега се братимат со бугарските шовинисти, кои исто така држат под национално ропство дел од македонскиот народ – Пиринска Македонија. И токму по оваа причина, сето она што беше изнесено во првиот дел од оваа статија за вечното непријателство меѓу Бугарите и Грците ни укажува на големиот парадокс за ова сегашно бугарско-грчко антимакедонско братимење. Сето ова треба да нè научи и нас Македонците, да разбереме еднаш за секогаш дека политиката е и голема ороспија против која треба умешно и смело да се бориме.

Д.Станковски

Коментирај