Дозволете другиот да биде победник, а вие зачувајте си го сопствениот мир

0
160

Да имате мир или постојано да им докажувате на другите дека сте во право?

Ова е вековното прашање кое сите си го поставуваат на себе.

Одговорот е едноставен. Не морате во секој муабет или расправа да го имате последниот збор или заклучок. Оставете го другиот да биде победник, а вие зачувајте си го сопствениот мир. Не морате луѓето да ги терате да мислат онака како што мислите вие, ниту пак да зборуваат онака како што зборувате вие.

Што ќе постигнете со тоа освен што малку ќе го скокотнете вашето его? Ништо! Така само ќе создадете непријатели и луѓе кои не сакаат да бидат во ваша близина и ќе почнете да им одите на нерви. Оставете ги луѓето да мислат дека ве победиле и баш во тој момент вие ќе излезете вистински победник. Но, тоа не е секогаш лесно.

Да го оставиш другиот да победи во расправа значи да сфатиш дека животот е многу повеќе од вербално натпреварување или докажување на сопствената интелигенцијата.

Големите луѓе никогаш немале потреба да се докажуваат, затоа што знаеле и верувале во вредностите кои се наоѓале во нив и кои не стануваат ни поголеми ни помали затоа што некој ги признавал или не признавал. Тие знаеле дека чувството на сигурност може да се најде само во себе.

Да го оставиш другиот да биде победник значи да се обврзеш пред себеси дека егото нема да биде доминантен фактор при носењето одлуки, туку дека најважниот фактор ќе ја има вашата душа.

Затоа оставете го другиот да биде победник, а вие продолжете да ја пишувате вашата животна приказна независно од тоа чиј ќе биде последниот збор. Кога ќе почнете да ги контролирате своите слабости ќе сфатите дека и оваа потреба се наоѓа меѓу нив.

Одлучете што сакате од животот, а сѐ останато турнете го настрана. Кога ќе ви стане сеедно кој ќе биде вербален победник, ќе видите дека ќе се чувствувате многу подобро во сопствената кожа и баш тогаш вие ќе бидете вистинскиот победник.

Коментирај