Дознајте кој ви го прислушува телефонот

0
1134

Откако во виртуелниот свет се појавија оние кои ги открија бројните скандали прислушувајќи милиони луѓе ширум планетата, бројните корисници на технологијата се загрижени дали баш нив во овој момент некој ги прислушува.
Постојат неброено многу хакери во виртуелниот свет заработуваат за живот „пробивајќи“ компјутери, мејлови, адреси на социјалните мрежи, поради што загриженоста на корисниците на сите овие технолошки сервиси секојдневно се зголемува.

Веќе е јасно дека секој од вас може да стане мини – хакер, затоа што на интернетот постојат голем број упатства како некој да „шпионирате“ и како да ја нарушите неговата приватност. Наспроти тоа постојат и бројни упатства како да проверите дали некој ве прислушува, односно, вашите технолошки уреди.

На пример, доколку се обидете да го исклучите вашиот мобилен уред, но осветлувањето во позадината се уште долго светли или едноставно телефонот одбива да се исклучи се наведува дека е можно дека ве прислушуваат. Атипично „однесување“ на телефонот во бројни случаи укажува дека има проблеми со одредени компоненти, кои често може да ги предизвикаат вирусите.
Со помош на вирусите хакерите често далечински управуваат со вашите мобилни уреди, затоа е доста важно да ги проверите сите оние чудни појави, звуците, осветлувањето или пак користењето на апликациите кои ги има вашиот мобилен уред.

Сепак, сето тоа не мора да биде показател дека баш вашиот уред го прислушуваат, па хакерите осмислиле и начин кој во теорија би требало да ви олесни да дознаете дали некој задира во вашата интима.

Потребно е да проверите дали вашиот мобилен телефон е жежок иако стои некаде надвор од дометот на вашите раце. Доколку разликата на топлината е воочлива, тоа значи дека мобилниот е подложен на некоја активност и затоа треба да ги направите следните два чекори кои може да ги поглднете на втората страна…

-Впишете *#06# по што ќе се појави IMEI код, кој наликува на бар код.
-Отворете ги поставките на телефонот, побарајте ја опцијата статус или во пребарувањето впишете IMEI. Ако последните две цифри се еднакви како во претходниот код, тоа значи дека не ве прислушуваат.
Доколку вашите броеви се разликуваат тоа значи дека сте биле или се уште сте под нечие набљудување. Исто така постојат и бројни други начини, кои можете да ги побарате ширум интернетот.
ЛИСТА НА НАЈКОРИСНИТЕ ШИФРИ:

шифра*#21# -Служи за проверка дали некој ги пренасочува вашите позиви или пораки. Откако ќе ја впишете оваа шифра, ќе ви излезе детален приказ на видот на информациите кои можеле да бидат пренасочени. Доколку на сите места пишува „Не е проследено“, немате зошто да сте загрижени.

шифра
*#062# -Слична како претходната, само што гледа кој вашите пораки и ги проследува на третата страна.

шифра
*#002# -Една од најкорисните.Доколку ова го впишете, исклучете ги сите подесени опции за пренасочување, проследување и генерално подопциите на телефонот.Добро е доколку сте во Роаминг, за да се заштитите од хакери.

шифра
*#06#-Оваа веќе ја спомнавме. Дознајте го својот IMEI код, кој може да биде од корист ако го загубите телефонот кој може да се лоцира врз основа на оваа шифра. Исто така, доколку вашиот IMEI број ппоседува /, коса црта, најверојатно некој ве прислушува.
Џејмс Бонд Шифра – ако сакате да го лоцирате вашиот телефон и да проверите дали тоа некој веќе го сторил впишете ја следната комбинација на шифрите:

*#*#4636#*3*
или
*#*#197328640#*#*

Извор: МакедонијаДенес

Коментирај