ДОПОЛНИТЕЛНА ЗАБРАНА: Викендов е забрането движење за сите граѓани од 16 до 5 часот наутро

0
155

Забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот. Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Викендов ќе биде забрането движење на сите категории граѓани од од 16 до 5 часот, соопшти на крајот од прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче портпаролот на Владата Муамед Хоџа, кој ја соопшти одлуката на Владата.

Во текот на прес-конфренцијата беше најавено дека Владата размислува на ваков чекор и дискутира по предлогот како да се организира полицискиот час и движењето од петок до понеделник. Министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција рече дека има повеќе опции.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали поради тоа што најголем број од заболените се од Скопје се размислува за некакви поригорозни мерки, Филипче потврди дека токму она за што Владата одлучува денеска се однесува на Скопје, во смисла на дополнително ограничување на комуникацијата, на социјалните контакти и транспортот, кои би се однесувале на викендот, додека од понеделник би важеле други мерки.

Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани, информираа од Владата.

Веќе е во тек полициски час од 21 до 5 часот наутро, лицата над 67 години смеат да излегуваат од 5 до 11 часот, а младите до 18 години, од 12 до 21 часот, кога всушност почнува и полицискиот час.

Коментирај