Донев: Денешното поставување на знамето на НАТО беше дефокусирање на јавноста

0
633

Во вечерашното гостување во емисијата „Отворено на Алфа“, професорот Јован Донев за денешното поставувањето на знамето на НАТО пред Владата рече дека сето тоа е направено во најбрз временски период се со цел да се сокрие промената на името, односно официјалната употреба на името Република Северна Македонија.

-Денешниот настан е измислен, настан кој нема никаква важност затоа што треба да чекаме сите земји членки на НАТО да го ратификуваат протоколот за прием на Република Македонија, па потоа да се подигне знамето по сите обичаи, истакна Донев.

Донев истакна дека јасна била намерата на СДСМ пред да дојдат на власт, односно дека се подготвува сериозен подготвен план во кој се вклучени повеќе држави каде што ќе дојде до промена на името на Република Македонија.

Коментирај