Донесена одлука: Милан и Интер заеднички ќе го градат новиот „Сан Сиро“

0
80

Италијанските гиганти Милан и Интер постигнаа договор за заеднички да го реновираат легендарниот стадион „Сан Сиро“,на кој играат екипите на двата клуба.

„Интер и Милан имаат чест да објават дека постигнаа меморандум за соработка и заеднички ќе работат на проектирање и изградба на авангарден стадион“, се вели, меѓу другото, во соопштението на миланските клубови.

Двата клуба веќе подолго време ја разгледуваа идејата за изградба на нов стадион, но одлучија заедно да го изградат „Сан Сиро“ во модерен и авангарден стадион.

Следниот месец двата клуба ќе ги презенираат конечниот план за тоа како ќе изгледа модернизираниот стадион, а градежните работи ќе започнат следната година.

Извор: sportski.mk

Коментирај