Доналд Трамп го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос еве за што се работи

0
102

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос што ќе се одржи од 21 до 25 јануари објаснувајќи дека одлуката ја донел поради делумната блокада на американската влада.

-Поради тврдоглавоста на демократите кога станува збор за безбедноста на границите и поради важноста на безбедноста на нашата земја, го откажувам важното патување во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум-напиша Трамп на „Твитер“.

Трамп во средата го прекина состанокот со демократските лидери во Белата куќа во врска со финансирањето ѕид на границата со Мексико и рече дека состанокот што бил организиран за прекин на блокадата на владата бил губење време.

Коментирај